гледа (гл.) - додека (сврз.)

Ми даде амајлија и вода преку која ќе ми гледал додека ја пијам и ќе ме лечел од „Злото“.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ливајн и Даглас седнаа да ги гледаат додека небото стануваше сѐ потемно, губејќи сѐ повеќе од сонцето што веќе не се гледаше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
” •Секогаш, по повод Сенка на сомнежот ми се наметнува оваа поединост: во првата сцена на железничката станица, кога пристигнува возот од кој се симнува вујче Чарли, од оџакот на локомотивата сучи многу јак црн дим, и додека возот се приближува, тој го затемнува целиот перон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
” Сенка на сомнежот (Shadow of a Doubt), 1943г. •Сенка на сомнежот, заедно со Психо, е еден од вашите ретки филмови во кои главната личност е негативец, а публиката сепак сочувствува со него, веројатно затоа што никогаш не го гледа додека ги убива вдовиците. •Хичкок: „Веројатно, впрочем, тој е убиец идеалист.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сакаше да ја гледа додека таа лежеше со благо затворени очи, со бузите одвај одлепени една од друга откривајќи ѝ ги сочните бели заби, во постојан грч како пред голтнување горчливо апче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја имав само пред себе сликата што ја гледав додека ја работев картата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ЕВТО: Не сакам да ме гледаат додека јадам. Сакам да јадам како животно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Влезе во станот и не ја виде жена си ниту ѝ го чу гласот, но таа беше таму, па тргна кон столицата сакајќи да остане незабележан, но таа го гледаше додека ја допираше столицата и додека немо седнуваше. Седеше долго така. 85
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го чу ударот на затворање на преградната врата од тремот и почувствува дека жена му го гледа додека тој ја набљудува ноќта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)