гали (гл.) - и (сврз.)

Така ние двајцата си се галиме и се „лигавиме“, што би рекол брат ми, а уште ако е свежо бричен, па лицето му е мазно, уживам да го штипкам и да го бакнувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нив и така никој не ги сака, за да ги гали и чува, а тие толку лекомислено си заминуваат заради една итра лисица.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Побрзав да стигнам до креветот во малата соба каде што месечината под прозорецот ме галеше и успиваше, секогаш спокојно правејќи да се чувствувам помалку осамена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Гали и сече неговиот поглед, како срча остра и силна како надробената синевина на ова далечно небо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Штофот, тоа е некаква мекост, темна како ноќ што гали и смирува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тато, дали може да заборави македонски? – не издржав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа продолжува да го гали и да гледа во Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)