гали (гл.) - по (предл.)

Ете, те, и тој си и гласи работите како нему шо му чини, а не како нам. Не гледаш оти и он тргнал со батакчиите и ене го, не, токо врла надвор пласти снег без да гледа оти сиромасите мрзнеат — ја тешеше Толе Митра и ја галеше по русата коса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Џагореа, шептеа, загрижено ме галеа по челото, ме прскаа со вода, го враќаа мојот разум во мене, ја будеа мислата во мојата глава, ме осознаваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мене не ми текна што сака таа. Помислив дека сака да ја галам по бутините и слабините.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме галеше по косата и велеше дека го разбира тоа што ми се случило.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Добро, добро. Сега веќе сѐ е готово! Ајде, излегуваме - разговараше Бојан со своето куче и го галеше по главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Моето мало девојче, милото мое мало-големо девојче, - почнува таа да ме гали по косата, по грбот, по рацете, да ме бакнува по лицето, по очите, насекаде. – Мајка тебе не те сака, мајка те... ... – Обожава! – велиме двете во исто време и почнуваме гласно да се смееме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се галиш по целото тело и трансот на душата го обзема олтарот на твојот Бог.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
– Е, заслужи едно галење, џанам – ѝ рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе ѝ залепи една целувка меѓу веѓите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Размислувам дали би изгледала посмешно со крваво око, но решавам да бидам врвна во својата мизерија и да прогласам дека повреда на носот е најлоша, бидејќи е централна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дејан подголтнува и ме бакнува и ми кажува дека сум убаво грда, јас го галам по боцкавата брада и не сакам да знам што крие под таа газа, зошто му ја ставиле и кога ќе си оди оттука.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Црни растурени, свилени коси ме галат по колковите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Секој сака да го има во логорот, да го гали по главата и вратот, а му пика коска в уста, да му фрла дрвце низ шумата надевајќи се дека ќе скорне зајак.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тој ја галеше по косичката со другата рака, а очите му се искреа од радост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)