гази (гл.) - на (предл.)

Барем така им велеше на тие што даваа пари, а посестримите ги газеше на секој чекор да не се даваат на Турците, оти главите ќе им ги скинел како на врапци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Продадениот интелект гази на сопствената чест и совест поради одреден интерес.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ми се чини дека постојано газам на истите стапки и ако одиш да видиш ќе видиш дека на тие места е разгазено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му ги растурила песните и му ги гази на земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ВАСИЛКА: Ами сега, кога вујко и си сака и си дал збор пак таа не е будала да му гази на честа. Тој и е вујко и татко.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Околу е измачкана со кал, а оздола има неколку штици колку да не се гази на земја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дури тогаш ми олесна. Како да ми се тргна нешто што ми газеше на душава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми смо дали реч, вели. - Ние не газиме на зборот, велат војниците што беа со Илија и излегуваат од окопите, тргнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)