втурне (гл.) - кон (предл.)

„Тивко! Приберете се и бидете подготвени да го пречекаме!“ - заповеда високата георгина и ја гушна својата втора сестричка којашто исплашена се втурна кон неа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ми доаѓаше да се втурнам кон вратата, да истрчам на улица, некој камион да ме згазне, за да не постојам веќе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога врзаниот наближа кон полковниците, ги загледа луто, бесно, и напна на јажето да се втурне кон нив, но луѓето што го влечкаа за мишките не му дадоа да се доближи до нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги оставаат патните торби, торбички, кесичиња, кесенца, кутии, пакети, сè што носат оставаат во ходникот на просторот меѓу лифтот и нашата влезна врата и се втурнуваат кон нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Другиот локаџија нагло се сврте. Киро со долги чекори и крвјосани очи се втурна кон него.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Квечерината јас и Саше игравме „дама“, кога, ете ти ја Бреза, ја отвори вратата со нога и се втурна кон нас. - Ќе биде беља - си помислив - сега ќе ни ги растури фигурите!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како ученици на крај од часот, господата академици се втурнаа кон вратата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)