вслуша (гл.) - во (предл.)

И ништо не прозбори; само што рече Добра вечер се вслуша во жегавиците, што жегаа тука, наоколу, и во жабите што крекаа-корена, долу, во бавчите и во блатото Боротинско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога се вслушав во разговорот меѓу татко ми и Вера, чув како тој ѝ раскажуваше за конференцијата на која бил вечерва, за тоа што таму зборувале.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа Едо уште еднаш се вслуша во работењето на моторот и му рече на чичко Васка: „Треба да купите нова водна пумпа“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој поослободено се вслуша во неговото збамборено раскажување за родниот Дубровник, и колку што тоа напредуваше, рибарот стануваше сѐ повеќе заинтересиран, небаре наскоро и самиот ќе отпатува таму со карванот на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека се појавија сватовите Милка и Пелагија се префрлија во спалната каде што беа другите моми на Роса со внучињата Венко и Стојанчо и Пела, која, завлечена од нив двајцата и од нивната неконтролирана игра, заборавила дека треба пристојно да се однесува, особено кога се во туѓа куќа на гости, ама неколкуте прекорни погледи на мајката ја смирија и за кусо време ја снема од спалната, се смести крај бабата Перса и внимателно се вслуша во разговорот што го водеа бабите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ване веднаш одговори и се вслуша во тишината што ѕунеше по жицата исто така напната, додека до него не допре гласниот и гневен шепот на Звонко: - Кажи дека не сум тука.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Момент, - ја крена раката Горда како да се вслушува во некој шум - ѕвонење на телефон или тропање на вратата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Земјата, за која му требаше време да сфати како да се вслуша во неа, сега омекната до кал го слушаше него; му беше доста да ја допре онаа неуловлива нишка меѓу вивките на мозокот или вршките на нервот и потегот на зглобот или јаготките на прстите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Миг стоиме вслушани во песната што предупредува и вели да не им се верува на битолските батакшии кои ветуваат, а не земаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога санката застанува, Надењка фрла поглед на ридот по кој штотуку се спуштивме, потоа долго ме гледа в лице, се вслушува во мојот глас, рамнодушен и бестрастен, и целата, буквално целата, таа, па дури и нејзината манжетна и нејзината качулка, целата нејзина фигура изразува крајна недоумица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој ги кажа тие зборови? Тој, или пак само така ми се чу? Таа неизвесност ја прави неспокојна, нестрплива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)