врши (гл.) - надзор (имн.)

Попрецизно, ние ѓо работевме, а даскалите демек вршат надзор над нашиот здружен труд.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Работат во две смени, а инженерите вршат надзор.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Новина претставува и овластувањето на инспекторот привремено да земе документација на работодавецот ако оцени дека таа е потребна за обезбедување на доказите и утврдување на фактичката состојба во областа за која се врши надзор (чл. 12), овластувањето да изврши запечатување на просториите на работодавецот при донесување решение за забрана на работодавецот (чл. 18) како и одредбата според која против конечно решение на инспекторот со кое е одложена од извршување конечната одлука на работодавецот, против која се води спор пред надлежниот суд, не може да се поведе управен спор (чл. 19).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За да се обезбеди непристрасноста на инспекторот при спроведувањето на инспекцијата, со ЗИТ (1997) е пропишано дека инспекторот не смее да врши надзор кај работодавецот каде што тој или член на неговото потесно семејство е сопственик или сосопственик, член на управниот одбор, директор или каде што тој или член на неговото потесно семејство имаат материјален или друг интерес, додека, со цел да се обезбеди извршувањето на обврските од негова страна пропишано е дека тој е одговорен ако пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе, во постапката на надзорот (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)