врши (гл.) - маневра (имн.)

Беа дојдени божем за да вршат маневри, а всушност ги прогонуваа нашите партизани и вршеа реквизиција на новоовршеното жито.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во Потковицата беше вообичаено рано пред зајсонце гојдарите да ги дотеруваат говедата на Зедница, горе над Бел Камен, и тука да ги попасат до замрачување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега го нема споменикот. Во Второто бугарско, во 1942, во летото, кога дојдоа во Потковицата божем за да вршат маневри, бугарските војници го разурнаа, со топови го гаѓаа од Коритница, од Плоштина и од Чауле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Божем војската дојде за да врши маневри, а всушност го реквинираше житото, а офицерите се интересираа за сѐ што се случуваше тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)