врти (гл.) - кон (предл.)

Цеце се врти кон Еди.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Ова не ми личи на силување. (Го лупка Цеце по рамото) Еј, пастуве, овој овдека вели дека му ја силуваш девојката!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И го гледам како таму во понизна положба лежи, се врти кон мене барајќи сожалување, а мене и ми е жал за него, ама и се плашам од овие луѓето што на цел глас викаат во мојата чест и слава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се вртам кон другата, но таму ми се предлага уште поголема примамливост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Градоначалникот Карер се врти кон разбиениот и замолчан собир на луѓе што го очекуваа доаѓањето на бродот од Атина во време кога и сувоземните и поморските патишта се несигурни не само од ќудите на времето, туку и од ќудите на луѓето, среде здивеното море на втората светска војна чии бранови, како и овие што, засилувани од ноемврискиот ветер, силовито удираат и на закинтскиот мол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се врти кон неа, сака да ѝ каже уште нешто. Нина побрзува. „Среќен празник татко! Честит Сукот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега ли да си одам, Гита, до Бога! ‘Да си одиме оттука’, е фраза која е лесно да се каже, а тешко да се оствари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот.  „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој долго молчи. Потоа се врти кон неа: „Многу инвестирав во ова место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Девојката, целата ужасната, се врти кон Мартин.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Геле се врти кон чичко Лозан и нешто се жали: - За малку ќе се скаравме синоќа со Калча: не ме оставаше да ги излепиме сите летоци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Славчо ја стискаше пушката и како митралез ја втреше кон нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но сестра ми не се врти кон него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На тоа Танас ни малку не се лути. Намигнува со едното око, а другото го врти кон височината на раката и со прстите продолжува да нишани во носот на учителот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се џарам занесено во очите на учителот, а Васе ме дупи со коленото и се врти кон прозорецот. Се вртам и јас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги вади парите надвор, ги фрла врз себе -”се прска со нив како слон” -, скока врз купот, гуга како бебе, па плаче (од радост) па пее песнички и мавта со малото дебело опавче (фиктивно).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Одеднаш се вкочанува, очите му се подзатвараат и полека, полека со лице растегнато во израз на опасност се врти кон не. при. сликар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ми ги држеше рацете завртени зад грбот и ме вртеше кон своето љубимче.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Швенк надесно.] ЛИПСИНКА [се врти кон публиката]: Не се заебавајте со мене, луѓе!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
МИЛДРЕД: Немој да се шегуваш со такви работи. [Оди зад софата.] ВЕДА: Мајко, смешка си, стварно си жива смешка. [Се врти кон Милдред, клекнува на софата.] Уште малку, па ќе плетеш алиштенца.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тина се врти кон Џоан.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
САЗДО: (Се врти кон шанкот) Вруќа за мојот пријател.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САНЕ: Дупла! Во тој момент во замаглената просторија на бифето навлегува завивање на сирена.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И словата на блажен отец Лаврентиј се тука; ги исполнуваат празните страници на новите книги онака како што си биле сочинети, како ништо да не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И во следниот момент, вистинска поплава од познати букви го затрупува видикот: манастирот е поплавен од убави слова, што еве, влегуваат во празните книги и се враќаат на свои места, како што си стоеле запишани од раката на последниот македонски ректор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потем се врти кон Езерото: оттаму, како божји здив да надоаѓа, здивот на отец Лаврентиј ја мрси масната коса на отец Ангелариј.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во еден миг тој сепак се врти кон нив и налутено им вели да си одат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Но ние дојдовме заради вас,“ му вели еден од младите луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Свештеникот се врти кон нас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Земи ја, на пример, водата (се врти кон фонтаната на среде малиот плоштад).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
МЕТОДИ: (Пред да излезе, се врти кон Луков.) Кога ќе дојде Младичот, честитајте му и од мене. Беше сјаен.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
По ѓаволите, тој сепак излезе среќен. (Се врти кон Неда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се вртам кон следните гости и со наклон и рака испружена ги канам да повелат да се фотографираат со младите, а тие се редат во групи - дедо, баба, мајка, татко и деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па се врти кон витрината и кратко се задржува барајќи ја во аптеката вистинската мешавина, а тие сите исти и, држејќи го в рака како да е „драгуљ“, го предава на болниот и неговата придружба наплаќајќи го како бесценет камен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се врти кон пенџерето откај што наѕира лозницата. И со затворена уста се поднасмевнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кравата и магарето се вртат кон нас и не гледаат ко роднини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Треба да се поврати Горническу Косу, разумеш, то je важан положај, велат, и се вртат кон нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не можам, се бранел попот и ги вртел кон нив дланките како да сакал да ги одбие од себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се движев, молчев. Мислев дека зачудено ќе се вртат кон мене дури и ако воздивнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ние ќе ти исткаеме нова кошула и ќе ти сплетеме волнени чорапи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стојан му го подава шишето со ракија и се врти кон Турчинот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот претпазливо го крева шишенцето до мустаќите и се врти кон мене. - Лута, оган да ја сотре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Немтурот збунето се врти кон другарот - овој собира од длабоките џебови ситен тутун и го разретчува на дланка; и не го гледа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Петко се врти кон пенушката. Задоволен е што знае повеќе од другите и расположен е да објаснува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Својот подарок го става таа во рацете на молчеливиот борец и се врти кон дамкавиот партизан; тој некако завиткал тутун во парче од бугарски пропаганден леток, па сега очекува да мине некој со запалена цигара.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Чичко... - Што е? - Пушти го Белча. Човекот пак само очите ги врти кон него; лицето му е спокојно, светечки благо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Еееј, Митре... Добредошол... И се врти кон мене. - Еве ни уште еден. Не издржал, мајчиниот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Вистина е. Пред сите го прочитав весникот,“ буричка по џебовите и вади ститкана хартија, Ја раздиплива и ја врти кон пламенот, со напрегање може да распознае маслени букви на три колони.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакав да се изморам и да капнам и, кога дојде оној благ завој каде што се вртеше кон Лерна, се појави пред мене тој, Симон. Како од земја да излезе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Луѓето постојано очите ги вртеа кон дувалото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Стравот од беснилото и офтиката помина, и сега луѓето уште од станувањето наутро, очите ги вртеа кон дувалото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
До Пелагија стои Чана, со едната рака ја држи мајка си, а со другата едно бовчуле, се врти кон Пелагија и сака нешто да ѝ каже, ама се предумислува па прво ја става мајка си крај нозете на Добра, до неа бовчулето и кога ѝ се празни рацете се свртува и ја грабнува Пелагија со машки стисок Остани ми со здравје, Пелагијо моја! ѝ вели Сакав да останам со тебе, со... мислев ќе се преселам кај Доне, мила, ама него го снема, се загуби, последен пат го виделе како се враќа со Танаско од станицава.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мислевте ќе ве прифати нов свет, негибнат од инфективните раце на цивилизацијата, а завршивте како чорба на ритуалната трпеза на дивото племе Њам-Њам. – избезумен се врти кон брат му – Беднику, зарем не сфаќаш.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој се врти кон неа.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Луѓето кога ќе станат наутро се вртат кон него и му се прекрстуваат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Започнаа и другите курсисти во училницата да се вртат кон нас.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но сестра ми не се врти кон неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се врти кон Мара: - Кај го најде ова?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Повторно се врти кон плочата, лице в лице со искасапените, отсутни знаци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа примижува и се врти кон бината: — Татјана Сергеевна, вика, Татјана Сергеевна!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го кревам огледалото за да си ја соберам косата, да ја запетлам и се вртам кон онаа страна од кај што ме огрева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се врти кон неа: „Чудесна редба“, рече „долго ќе се памети...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Евто го фаќа за главата. Му ја врти кон фреската.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
НОВЕ: (Се врти кон Божо со затворени очи.) Господине Божо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Матеј ги протрива рацете. Се врти кон Борис. Се обидува да го прегрне.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Михајло гледа во сите. Го гледа Ангеле. Се врти кон Богородица. Го гледа Евто.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)