врти (гл.) - в (предл.)

Се прашав: колку има до тој воз што секогаш се вртел в круг и ме истоварувал сегде, за сето време на мојот живот? Не одговорив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јачеше. Крцкањето на сувиот ’рбет на колата и ударите на излижаните поткови останаа да се вртат в круг уште само во неговата свест.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Околу него се движеше и трепереше долга поворка - нечујна, разбранета и жестока во својата притаеност; се свлекла од ѕидиштата да се врти в круг како сиво проклетство, колона во која несигурно се претчувствува нишање на румени женски колкови и студена вкочанетост на ликови готови да обвинуваат за грев, сега кога тој, гревот, надоаѓаше со навев и се пробиваше низ многуте канали на свеста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа молчевме, јас ги вртев в раце чаршафите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И за цело време, целиот ден и ноќе, додека патуваат, сѐ истото и само тоа прашање му се врти в глава и постојано со изненадување и мачна вчудовиденост, го повторува и преповторува: зарем неговиот Васил, кој меѓу првите ја нарами пушката и со себе поведе и други, дезертирал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едноличните сенки се вртеа в круг. Опашките им беа црни и лепливи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)