врти (гл.) - тркало (имн.)

Амбар на животот, Охридското Езеро како база за заминување на јагулите во исто време нивна цел, врз основа на вечното враќање; езерото учествува во циклусот на генерациите и неговите струи го вртат тркалото на времето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Патем и ќе си купи шило за кога ќе се врати да го боцне ѓаволот на незгодно место.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На тој начин се врти тркалото на животот, но секогаш во нова насока, непозната.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да му покаже дека сепак се врти тркалото на среќата и низ кикот да му рече: Ај, нека е за арно крај реката Арно во Пиза.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)