врти (гл.) - грб (имн.)

Сето тоа е само некакво присеќавање, воспоставување на одамна загубен контакт, што буди едно чувство уште од детинството: помалата сестра е галена, постарата навредена, врти грб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа бавно се подига, бавно ми го врти грбот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не, не! Не ми го врти грбот и не гасни ја последната светилка... Ќе стојам на крстопатот додека не минеш ти...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Политичарот може да функционира само како иманенција - поразен или победник, додека уметникот го опишува случајот творејќи го својот артефакт, а мудрецот едноставно го врти грбот и си оди, сѐ му е јасно однапред, едноставно го боли и за бабуните и за политичарите и за уметникот и неговите трауми. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 26
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И неговите луѓе почнаа да му вртат грб.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа ја збуни, но нагонот да се одржи ја натера да не му врти грб на опитниот противник пред да го исплаши со војата сила.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас сакам да те предупредам. Внимавај кога на дворјаните им вртиш грб заради моменталната наклонетост на царот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И кога ќе се најдат на вода на чешмата, си вртат грб, за така уште повеќе да нагласат колку ни очи не сакаат да си видат...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само Кристина ќе се спои со него. Само таа ќе се ослободи. Не се плаши. Не му врти грб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ти кажав! [Ѝ врти грб на Тина.] КАДАР (37) назад на (24) ТИНА: Зошто ме посвои?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кажав ли дека Велч бил геј? ‌Ова поматување на разграниченоста помеѓу убавината и стилизацијата создава можност да се ценат, дури и да се сакаат, предмети за кои се признава дека се грди, како викторијанското диванче на Дентон Велч.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Камп-вкусот ѝ го врти грбот на оската добро-лошо на обичниот естетски суд“, вели Зонтаг; „тоа е начин на вреднување – не суд“.273 Настрана сите естетски критериуми според кои може да се суди за таквиот предмет, камп-естетизмот ја поддржува формата – стилската кохерентност на еден целосно остварен стил – како вредност сама по себе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа му дава на кампот демократски полнеж, со што се заслабнуваат елитистичките или аристократските тенденции на машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како на успорен филм, мајката на касапот ми го врти грбот и ја повторува познатата наредба: „Стегнете го скутникот, ве молам!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас, иако со часови се подготвувам да го одбијам срамното барање, ги кревам послушно рацете и ги стегнувам ременките.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа ја збуни, но нагонот да се одржи ја натера да не му врти грб на опитникот противник пред да го исплаши со својата сила.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се врати во шаторот како да му врти грб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ЉУБИ, ЉУБИ КОГА СИ ВО ЉУБЉАНА љуби, љуби кога си во љубљана трипати љуби еднаш број кога си на тромостовје љуби на куб, љуби трипати на куб љуби, љуби шестпати по шест љуби колку што можеш да испиеш кригли пресно лашко во гостилницата шестица на улицата која до вчера се викаше титова замижи машки и љуби, љуби кога се качуваш со лифтот на врвот на неботичникот во центарот на градот којшто мижи кога љуби и кога ќе отвори очи цел живот ќе игра мижитатара љуби, љуби кога си во љубљана запни како кога се дава вештачко дишење уста на уста и ич не бери гајле што те сметаат за заостанат во развојот љуби, љуби кога си во љубљана и кога бараш ново скришно место за љубов иако има многу корпи за отпадоци ти сепак фрлај ги зрнцата од љубење по улиците за да знаеш по кој пат да се вратиш љуби, љуби кога си во љубљана овде никому не му е особено важно каква боја мирис и вкус има љубењето а не е во план и изградба на музеј на модерното љубење во кој ќе гори заборавено а ѓоа вечно оганче што ќе го подгрева здивот на засипнатите славеи а штом ќе нема музеј ќе нема ни модерни гатачки пред портите на музејот кои низ дланка ќе ви буричкаат низ иднината на љубењето како надминато минато љуби, љуби кога си во љубљана и ако цапнеш во некоја дупка на млечниот пат по кој се пентраш до емона речи си пу-пу машала ќе си најдеш ново љубење а на врвот на ридот секако ќе ги најдеш прешерн и неговата јулија како сркаат врел планински чај и на љубопитните им шиткаат бројаници од бакнежи и од мигови колку мигови трижпати повеќе бакнежи сите да ти велат ти да не веруваш ама така се рекло и нека биде така како што се рекло дека лично прешерн излеан во бронза крај тромостовјето севезден им врти грб на старите и штрби баби тадури и и’ го плазел јазикот на тишината како оној разбушавениот ајнштајн кој си го изгорел јазикот баш во хирошима и нагасаки којзнае дали тоа го рекол баш ајнштајн ама љубел не љубел времето си врви љуби, љуби кога си во љубљана љуби без наситка остај си малку време да се сликаш пред магистратот со лидија димковска и алеш мустар кои рака под рака влегуваат во мирисот на секое цвете и растат, растат миризливо љуби, љуби кога си во љубљана и да папсаш утре пак ќе ти се љуби љуби, љуби кога си во љубљана и имај на ум дека никој не знае што носи утрешниот ден и дали баш ќе биде нов ден ново љубење љуби, љуби кога си во љубљана и не заборавај дека си на запад, во европа каде што денешната работа никогаш не се остава за утре.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тишината те плашела единствено кога си била во друштво со други.  В зори ќе се зари, озарено лицето на светлината а ти меланхолично ќе се обидеш да ги отстраниш флеките на Луната да се исправиш на нозе небаре го држиш цврсто во свои раце универзалното клатно на рамнотежата             небаре си нашла решение како да излезеш на крај со депримираноста  божем ја игнорираш и ѝ вртиш грб             ама и грбот има             очи !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Спрснаа и другите, малку како да ја прифаќаат играта, а малку како да му вртат грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Толпа луѓе се меткаа по плажата, гледаа во морето, немоќно кршејќи ги прстите, додека други ги вртеа грбовите кон морето за да не го видат неизбежниот крај на давеникот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)