врти (гл.) - ги (зам.)

Го врти ги гледа сликите, го обновува минатото, а во душта сè повеќе му налегнува мачнина и болка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По стопати берете му го гревот — заврши Пере и длабоко воздивна, вртејќи ги очите од Јордана да не му го гледа суратот. — Е, море, ние, ние.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И затоа врти ги сликите, соочувај се со себе, живеј со спомените, разговарај со нив за да не онемиш; навраќај им, зашто сето тоа таму ќе остане, на тој живот на кој многу му верувавме...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)