врзува (гл.) - го (зам.)

Го заградивме со чантата, врзувајќи го за рачката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го остави чешелот и стана од тапацираното столче префрлајќи ги една преку друга полите од бањарката и врзувајќи го коланот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Не врзувај го животот во опасачи, во ремени, во ортоми, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)