врзе (гл.) - крај (имн.)

Лозарот од Неготино, испечен од тиквешкото сонце, избрчкан од мислата како да врзи крај со крај во месецот и веќе подгрбавен од наведнувањето кон секое грозде, овој лозар од Неготино, значи, никогаш нема да разбере што значат Клиничките патеки што ги воведе власта во лекувањето на обичните луѓе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
9. Навлези во текот на времето – внимавај на сигналот што се јавува во одредени интервали, на симетриите и повторувањата, конекторите што го врзуваат крајот на претходниот со почетокот на новиот чин.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не знам каков ќе ви беше алот да не бев јас, за некако да го врзам крајот со крајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога го врзав крајот од ортомата за елата, ми пријде еден албански наредник и, помагајќи ми да ја врзам ортомата ми рече дека владините војници вчера слегле од Стените, го зазеле Крчишта и веќе копаат ровови на ридот Синадеврид. Ги знаеш тие места, нели?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)