враќа (гл.) - го (зам.)

Таа го врати назад. Јас му велам на стопанот: – Колку сме должни за трите изедени слатки?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Имаш ли некое место за мене?“ праша враќајќи го бокалот на масичето; чу иста таква тихост: „Имам. Економ на едно градилиште.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сеедно, си мислам, веќе нема излегување со тебе. – Враќај го – велам – да му се сневиди!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаеше дека луѓето го носат кон селото, одземајќи го од дивината и враќајќи го дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш мене ми удри крв во главата. – Враќај го – велам – назад!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Што е тоа топ? - праша Геро, погледнувајќи прво во Евдо па во Ване, и на крај враќајќи го прашалниот поглед на тој Ане, што одеднаш му се стори загадочен како навистина да е од штабот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
– Како бре, – велам – гризнато, по ѓаволите! Тоа се вашите смешни фантазии.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Не, Ханс, тој е пијан.“ „О, он етна свиња“, добродушно се насмеа Германецот враќајќи го револверот во футролата но тој полека од мракот го сврте своето оружје кон него и чу, и виде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)