врати (гл.) - таму (прил.)

По завршувањето на војната тој се враќа таму и го обновува односот со своите родители кој, како што и тој самиот вели, “не би можело да се окарактеризира како посебно близок.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс „долго време бил врзан за областа на долна Рајна и Клеве“, и за некои од тамошните луѓе кои ги сметал за „модели“ и кои без сомнение ја компензирале неговата дистанцираност од родителите, посебно од неговиот оддалечен татко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Другата, „Kleve warme Ausstellung“(Клевската топла изложба), беше одржана 1946 година кога Бојс конечно се одлучи да стане уметник, а не научник. Клеве е родното место на Бојс.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега испокасапени, проретчени, исплашени и изненадени, се враќаат таму од каде тргнаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секое влегување во оваа соба ѝ одзема по малку од снагата, ја враќа таму од каде вее тага, болка, згасната смеа, недоживеана радост, одмината среќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие ќе ме сакаат и штитат, до моментот кога ќе треба да се вратам таму за некоја друга мисија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Повеќе не можам да се вратам таму.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Немаш друго место на кое можеш да одиш. Тоа е твојот единствен дом. И да не сакаш, мораш да се вратиш таму.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме погали, и додека левата рака уште ѝ беше на мојата глава, ја крена и десната рака, помина со неа по проретчената коса на својата глава, се погали себеси. Ја прегрнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ама таму ми е местото. Затоа ќе се вратам таму.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Молчев со наведната глава и се чувствував како виновник - можеби нацртав лоша сенка. - Како папагал без крилја...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Треба веќе да се вратам таму од каде што сум дошол.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тогаш Царот му порачал на својот зет дека грижата за неговите деца отсега ја презема царската куќа а тој треба да се врати таму од каде што дошол.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)