врати (гл.) - пари (имн.)

Познаникот повторно дошол кај Павлов и почнал да го моли со солзи да му прости, но наместо да му ги врати парите, му побарал други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Поминало многу време од денот кога требало да ги врати парите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако овој си заминал, Гоце му ги вратил парите на Балабанов и му рекол дека секогаш кога студентите заминувале на студии во големиот град, стопанот на кафеаната доаѓал и им ги пребарувал џебовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се вратил, ама поминал еден ден, поминала една недела и повеќе, а човекот не му ги враќа парите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шатев во своите први спомени208 кажува дека се плашеле оти од страна на Организацијата “ќе ни се префрлува ако не успееме“ и затоа требало да му се вратат парите на Сарафов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Е, е, Арсене, за машки работи машки зборувај, не детински. Уште малку ќе се расплачеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
У контекст на претходно кажаното, ми cе јавуе другарот од Калгари и ми вика дека нив им вратиле уште плус по некоја иљадарка зашто не се потрошил буџетот на Алберта и срамота било да не им ги вратат парите на луѓето.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Помладиот се посрамоти и му ги врати парите на Трајчета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Третиот ден Бошко се чудеше што да прави: дали да им ги врати парите на луѓето или да ги чува уште некое време?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)