врати (гл.) - време (имн.)

Но едно, сигурно, не. Не сакаа да го остават човекот индиферентен кон нивното постоење, во оној ист систем за кој ветив дека нема да размислувам за да не задоцнам во откривањето на слабоста на лошата Моб, не располагајќи со последната Мерлинова магија - да го вратам времето и да ја исправам грешката.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ме гризеше совеста дека не сум направила сѐ што можело да се направи, сакав да го вратам времето и поинаку да се грижам за тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога би можела да го вратам времето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во моментот на носењето на одлуката не можеш да знаеш дали е таа правилна или не, дали си згрешил или не, затоа што во тој момент не ги знаеш последиците во иднината, ниту, пак, можеш да го вратиш времето во минатото за да ја промениш одлуката.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со тек на време леснотијата навистина станува неподнослива...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ја пишувам оваа книга за да го вратам времето кога Елен Лејбовиц живееше интензивно со мојата сага и да ги разберам причините за тоа присуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Птиците заминале во предел од каде што не се враќа времето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заминував во правец во кој не постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Да го вратите времето? - Времето - не, но споменот – да...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите го бараа Чанга да го врати времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луѓето со свежо паметење на метежните настани излегуваа од куќите да го поздрават Чанга, со повратена надеж дека сигурно ќе се врати времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со каталогот, сакаше да си го врати времето кога беше среќна, времето кога ние, децата, го вративме каталогот, илузијата за среќното време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)