впива (гл.) - ги (зам.)

На лулето остануваа влажни траги од неговата челуст -впивајќи ги на врвовите од прстите, тој во себе внесуваше нежност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И кон дождот се отвора, впивајќи ги тајните сокови на водата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги стегаше дланките на своите ангели, впивајќи ги ликовите во својата потсвест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)