впери (гл.) - кон (предл.)

Само мислата со којашто се упатува, со дигнат прст вперен кон мене, во беседи заведена ја копка сѐ повеќе и ја нагризува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гледав со очите вперени кон него, а звуците од оргулите ме разбрануваа и предизвикаа кај мене невиден набој на емоции.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но имаше многу добро мислење за него, поради погледот што секогаш заинтересирано беше вперен кон учителот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Така, во еден момент Винстоновата омраза воопшто не беше вперена кон Голдштајн туку напротив, кон Големиот Брат, кон Партијата и кон Полицијата на мислите; во таквите моменти неговото срце полетуваше кон осамениот, исмеан еретик на екранот, единствениот чувар на вистината и на разумот во светот на лагите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На ова никој и не обрнуваше внимание затоа што сите погледи беа вперени кон лаптопоите и новите статуси на фејсбук.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само ја извади лулата од устата, ја впери кон неа како пиштол и пак ја врати в уста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја гледам со погледот вперен кон небото, ми дава спокој и мир, повторно можам да летам кон небесната шир.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)