вози (гл.) - внимателно (прил.)

Обратно од она што можеше да се очекува, тој токму потпивнат возеше повнимателно и побавно одошто трештен трезен и самоуверен во своите рефлекси.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, ако се вози внимателно, и во ваквиот згустен сообраќај патувањето може да биде многу пријатно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И уште нѐ посоветуваа да возиме внимателно, зашто казните за било каков сообраќаен прекршок се многу високи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Патот, асфалтен, полн со своици и нерамнини, со ништо не прилега на меѓународен и затоа овде се вози внимателно, зашто изненадувањата се постојано присутни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)