води (гл.) - дома (прил.)

Сите се тие копуци, не знаат друг пат освен оној што ги води дома. Толку е нивното знаење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добрата Душичка ги пружила рацете кон масичката до креветот, заграбила неколку коњчиња, цветови и ангелчиња направени од дрво, и успеала да ги пикне во џебовите од ноќницата пред нејзините браќа да ја зграбат и да ја изнесат од просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Не постои повеќе овде за тебе,“ ѝ викнал едниот од браќата, ја грабнал за рамената, и ја истуркал од креветот. „Те водиме дома засекогаш!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)