води (гл.) - директно (прил.)

За жал, се поретки се ‘општите места‘ кои нѐ водат директно (како, на пример, класната свест) во политичко-културен империјализам како претходно споменатите. 23.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш погледот му паѓа на постелата од свилени чаршави под која се покажува влакнестата нога, потем и ликот на неговиот левантски двојник кој спие со сон на праведник и со задоволна насмевка на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си измислувал човекот заобиколен пат но за жал сепак не пристигнал кај неа (Кај неговата Катерина). Ни не слутел дека го фатил правецот кој води директно в зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)