води (гл.) - строг (прид.)

Постоеше извесен одамна установен ред во вршењето на сите нужни работи што Бојан ги знаеше и за кои мораше да води строга сметка да не ги прескокне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како што течеа работите нашата врска се продлабочуваше, иако бев многу претпазлива и непопустлива и водев строга стратегија за да се уверам дека навистина, негативното влијание во нашата врска било поради таа таканаречена магија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)