води (гл.) - го (зам.)

Тој е човекот што го барате. Водете го него, не мене!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Но, сигурно приближно знаеш,“, му рече тој, водејќи го онака како што ловец го гони својот елен кон стапицата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И отишол водејќи го ждребето на улар и не вртејќи се да види со каква мака бегот ја задржува кобилата на работ на својот овоштарник со доцна процутени јаболкници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој бил комита и многу храбар и крупен човек, каков што наводно бил и Скендербег, па затоа во четата што ја водел го нарекувале Скендер и отаму останало и презимето на мојата фамилија – Скендерови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Поседила што поседила така, па пак си ја прибрала косата, си ја заврзала шамијата, па станала и со пушката на рамена, водејќи го за раче малечкото, се завкачувала пругоре по патчето што води за на накај гробишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)