влечка (гл.) - кон (предл.)

— Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги поганеше... - Луѓе, свестете се што правите... - викаа други селани, тргајќи го Нестора од оние што го влечкаа кон варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слатката зашеметеност од бакнежот ја прекина сликата на двајца гардисти кои и ја затнуваат со крпа устата на Александра и ја влечкаат кон излезот од тоалетот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дали ќе им се допадне тоа што се влечкаат кон салата, кон столиците како претепани змии?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)