влече (гл.) - корен (имн.)

Ова дело е пресек на различните искуства во поранешните композиции ( појачувањето на “малите” звуци со помош на контактни микрофони и со вметнување разни предмети - кибритчиња, жица од клавир и влакненца од четкица за заби - во звучникот на микрофонот, влече корени од Собна музика, додека нус-продуктите на системот за појачување на звукот како брум, шум, микрофонија, се повратна спрега на електронската верзија на случајните звуци и шумови од 4’ 33’’, и како такво, делото најмногу се приближува до Кејџовиот идеал на театарот како уметничка форма на хаосот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Врв на Кејџовото занимавање со електроакустична музика е Кертриџ Мјузик (1960), примерна театарска композиција со користење на електроакустична музика “во живо”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во делата за (непрепариран) клавир Кејџ испитуваше некои аспекти на случајот, неодреденоста и повеќеслојноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Написите во таблоид-печатот што ги иконизира Сара Лукас ја прават вербалната агресивност видлива, и упатуваат на најнискиот можен облик на вулгарноста, така што испаѓа дека јазикот е всушност оној којшто врши терор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делото Sod you Gits (1991) одѕвонува во ушите во онаа мера колку што 180 okno.mk е и визуелно агресивен. Sod you (бриши, еби се), како израз влече корен од содо­мијата, а Git од to beget (да се создаде, некому да се биде татко).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)