влезе (гл.) - последен (прид.)

Таа не се сврте; разговорот заврши, ѕвончето ѕвонеше, сите влеговме на час, а Луција влезе последна, како да сака да покаже дека ништо околу неа не ја интересира, освен дождот што врнеше како да е дупнато небото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Круме Волнаровски влезе последен во службениот автобус, кој веднаш потоа почна да се одвалува де лево, де десно, по макадамот ишаран со вирови вода.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)