влева (гл.) - страв (имн.)

На оваа граница, дојде и до првите престрелки, загинаа млади граничари. Границата влеваше страв.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Црната коса на големата глава стоеше како руно, шарените биволски очи влеваа страв на секого што ќе го погледаа, црните мустаќи му ги покриваа дебелите усти и висеа надолу како два пискула од црвени кочани, а во устата се гледаа големите бели заби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според таа поделба, типични природни граници се мориња, пустини, планини, реки и шуми.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Чудно како при вакво сознание кое ми влева страв и очај во мене тлее и една радост што јас ќе ја спасам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Министерството на љубовта беше единственото кое навистина влеваше страв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивното огромно пространство влева страв.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Внимателно ја слушаше плочата. Камилски им се восхитуваше на големите композитори, но размислуваше што можело токму на јаничарите, кои влевале со векови страв и трепет во Европа, и на нивниот марш кој влеваше страв и трепет кај противниците, да им посветат свои композиции и тие долго време да бидат изведувани на европските музички подиуми?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)