вкорени (гл.) - во (предл.)

Односно, таа не води грижа за него, или за себе, ниту ја чувствува неговата грижа за неа. Конечно, Бојсовата уметност била неделива од неговото тело и сликите на неговото тело. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 97
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога зборуваме за уметничко дело, зборуваме за нешто многу опипливо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уметноста за него била средство за преправање на телото и сликата за себе која зависи од телото - и на тој начин да ја преправи уметноста, повторно да ја вкорени во телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
113. Втората теорија, т.е. сите Македонски Словени се исто такви Срби како и Босанците, Црногорците итн. се вкорени во Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во суштина, секој IE ритуал (обред) претставува враќање кон максималниот скрален чин, воспоставувањето на поредокот во максимално скралниот момент, чин по кој лошо појдените нешта се враќаат во нормала, или воопшто земено, тоа е = една сосем божествена активност = Прагматичноста на ритуалот ја определува неговата централна положба во човековиот живот и се вкоренува во тоа, што со негова помош се решава основната задача - гаранција на преживувањето на колективот...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие жилаво се вкорениле во многу зборови на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со тоа, жестоко се критикува идејата за секаков лингвистички пуританизам на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но сепак, ако читањето е субјективно, а сказот креација на јазикот, историјата (преттекст на сказот) се вкоренува во тоа што било живеано, траело близу педесетина години од страна на албанскиот народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе го признаам и тоа дека во овие недела учествуваат и германски претставници; но тоа е само доказ колку длабоко овие опасности се вкорениле во германското народно тло и колку, од друга страна, е значајно против нив да се тргне во фронт.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Така треба: внатре има хумус, хранлива земја, конопената вреќа ќе згние и така корењата сами ќе се ослободат и ќе се вкоренат во почвата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А би требало да се радувам на седумте дедови тополи - што се вкоренуваат во новата почва!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)