викне (гл.) - мајка (имн.)

Ми се пристори, гледајќи ме така тивка и потиштена, ме сожали па ме натера да ги викнам мајка ми и татко ми на гости.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Плачовите низ селото се носеа сѐ уште и Неда црна крпа пак од главата си фрли, повтор косата ја пушти, а плачот стана толку јак, - „Малодушни земјоделци, излезете од дворов!" - им викна мајката со гнев.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Го замолив да ги викне мајка му и татко му, можеби сето беше само глума.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш дедо Спасе ќе ја викне мајка му на Васко, која работи нешто низ куќата: - Елено, море, детето заспа. Ела, земи си го!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И Андреја Тарковски си отишол дома, ја викнал мајка си и ѝ рекол: Мајко мори, јас сум бил мртов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Том?“ викна мајка му во мракот. „Да.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Их, бре синко! - изнервирано викна мајка му. - Остави го Дорчо, волкот нека го јаде! Не гледаш што стана? - Видов! - одговори Трајче
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)