вика (гл.) - дека (сврз.)

Јас со сета сила викам дека лажат, но гласот не ми се слуша. Смешен сум. Боже какво лицемерие.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некои викаат дека бошлав ќе излезе и ова; други тврдат дека не е никакво чудо ако се дигне цел народ како во Бугарија, Србија и Грција, трет вели: „Море, ако не беа Русјаковци, Московот, ни Срби, ни Бугари, ни Грци, никој не ќе го истераше агата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сите не ќе нѐ исколат Турците? И тие се од месо и крв! Коџабашијата ги смири селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Викаат дека оние шо не глеале фудбал биле гејеви. Опасна грешка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Знам дека ми се ближи роденденот, и дека сакав оваа година да го прославам со Џон (тој е на 14-ти, ја на 7-ми, три години разлика), да свириме во шест попладне помеѓу зградите на Астор Плејс, кај што он вика дека саксофон звучи магично.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Додека солунските динамитари со гордост му покажуваа на светот дека Македонецот знае да умира, ние одново го чувме целиот угледен печат, сите најголеми министри и политички луге како во еден глас викаат дека со своето безумие и жестоко однесување овие разбојници засекогаш ја дискредитираа својата македонска кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И така, ти одиш по сенф и јас се прашувам зошто толку долго те нема; тогаш една жена почнува да вика дека се удавило дете и толпата навалува кон водата понесувајќи ме и мене со нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Слично е како кога бев малечка и се изгубив на плажата, испаничена лутајќи низ таа шума на влакнести нозе и набрекнати препони, плачејќи по мајка ми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како и да е, толпата ме носи во водата и ме буткаат подвода, а јас си мислам, толку, сега ќе се удавам, но успевам да си го задржам здивот подолго од што е возможно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислат дека ако ги полеат со големи количини студена вода, ако ги претепаат, ако им се заканат на оние кои викаат дека ќе им го исечат јазикот, мислат дека тоа ќе им го врати умот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, да, така е во Париз, а кај нас – на убавиот син Дунав,” и одново со устата отсвирка неколку тактови од валцерот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Гол е!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А може истото да се има предвид и да се вика дека кралот е прекрасно облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Може да се вика дека кралот е гол имајќи предвид дека тој е гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Може на опасен, а може и на сосема безопасен начин.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И уште многу, десет, дваесет, можеби сто глупи момчиња се појавија и сите почнаа да викаат дека кралот е гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како да бидам сериозна, како да станам зрела и да ми биде гајле, кога сите ми викаат дека не треба да ми биде гајле.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој го навредуваше Големиот Брат, ја осудуваше диктатурата на Партијата, бараше веднаш да се заклучи мир со Евразија, се залагаше за слобода на говорот, слобода на печатот, слобода на собирањето, слобода на мислењето, хистерично викаше дека револуцијата била изневерена - и сето тоа во еден брз и многу сложен говор, кој беше еден вид пародија на вообичаениот стил на ораторите на Партијата, па дури содржеше зборови од новоговорот: повеќе новоговорни зборови, всушност отколку што кој било член на Партијата нормално би ги употребил во стварниот живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
У контекст на претходно кажаното, ми cе јавуе другарот од Калгари и ми вика дека нив им вратиле уште плус по некоја иљадарка зашто не се потрошил буџетот на Алберта и срамота било да не им ги вратат парите на луѓето.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Правилото вика дека ликот мора да биде насмеан (пожелно е да му се гледаат зубите), а целиот портрет не смее да биде поголем од 20х15 сантиметри.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И кога на девојки сум им викал дека ги сакам, тие ништо не слушнале и завршиле во туѓи прегратки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Едни викаа дека на сила не можат да ги присоединат со Албанија, други тагуваа како ќе се гледаат со своите најблиски, со своите роднини кога ќе ги подели границата; трети викаа дека ќе се отселат, ќе соберат што можат од покуќнината, од добитокот, ќе испродадат сѐ и нема да останат во Албанија; четврти одеа во црквата, палеа свеќи, се молеа, плачеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некои викаат дека војната ќе трае уште неколку месеци, некои викаат уште неколку години; некои викаат - вечно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Си им викал дека се најдобри за тебе.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
„Сврдле вика дека вие сте опасни. Знаеш ли зошто?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Сврдле вика дека не ќе морам да се капам“, рече Минк. „Уф, ама ајде, навистина?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но секој ден се јавуваа непријатности во логорот: уште од рани зори извидниците од соседниот „Логор на дебелите!“: домаќинот, готвачот, благајникот и другите задолжени за снабдување во логорот, дотрчуваа лути и бесни, викајќи дека Џеки им откраднал месо, салама, кашкавал, путер...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)