вика (гл.) - овде (прил.)

Некој низок, тивок, рамен и постојан пламен, што избива, чиниш, направо од нејзината утроба, ја подзема и гори таа, бакарноцрвена, сѐ до Свети Никола Зимен, уште како што викаат овдека Никола со бела брада.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од меѓата го виде бегот — Челебија што се вика овде — ги виде гавазите и надзирателите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гранките од искастрените дрвја, или уште како што ги викаат овдека рошки (поправо, додека не се исечени, додека се на дрво, ги викаат гранки, а после, кô ќе ги пресечат од дрвото, ги викаат рошки) со коли или со нарамници ги пренесуваа до дворовите, блиску до излезните врати од куќите, или ги настожуваа во кошарите и од н ив дрва за огрев насекуваа само толку колку што беше потребно за да се помине денот и ноќта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)