вика (гл.) - нагалено (прил.)

На моменти, кога беше сигурен дека никој од присутните нема да го искодоши ја озборувше гардата како збир на примитивци и силеџии, но кога требаше Влатче, како што го викаа нагалено знаеше дискретно и шарматно да се пофали со своето гардиско искуство.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Презимето го добив по деда си, кој - покрај мајка ми - најмногу се грижи за мене и често пред другите ме вика нагалено: „Дедово“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Томаица, односно Томето (како сите што ја викаа нагалено) тогаш имаше 18 години и беше преубава млада девојка која штотуку ја имаше завршено Раденичката школа за домаќинство и шиење во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога Влаинката Аспасија, Паца, како што се викала нагалено, одоколу го распрашала Спира што има и како има, и откако ѝ се видело дека тој е седало за птица каква што е таа, му признала дека тие двајцата до влакно имаат иста судбина што ги осакатила и дека нив тој златен свети Наум ги донел да се најдат пред неговиот гроб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)