вика (гл.) - кон (предл.)

За да си го покрие злосторот, тој твој Борко, за да си го покрие злосторот, убиецот, го гтотопи Долнец, викал кон Лена, сега веќе скршена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се собра сето село со секири и вили да го расчеречи, но Делин викаше кон луѓето и не ги оставаше да се доближат до него. Постави и стражар да го чува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја потпираше, и со бес, со ифрит во душата, викаше кон каменоломот, кон Танаил: „Пукај, мамето твое... Ќе блуеш пари за да направиш нова...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еднаш слушнав како цела една кино сала полна со геј-мажи (или, пак, беше видеобар?) вика кон платното, едногласно и истовремено со глумицата: „НЕ СУМ ТИ НЕКОЈА ОД ТИЕ ТВОИ ОБОЖАВАТЕЛКИ!“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Шоферот, исто толку жолт како него, ја брише потта од челото и вика кон Зоки. Но тој ни да се помрдне.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се заврте кон сите четири страни на светот и ги повтори истите зборови во воздухот, се издиши длабоко и му олесни на душата, како на работник, кога успешно ја свршил својата тешка работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коџабашијата отиде на ритчето над село откаде стрелаше утринава Толе и почна да вика кон блиската шума „Грбавец", не гледајќи никого, но знаејќи дека половината селани се засолнати во растот, пештерите и во Николовите колиби: — Еј, селани бреееј, уоооо!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)