вика (гл.) - селанец (имн.)

Го викаа селаните и во Езерец и во околните села да им каже какви им се вината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
— За кого нема леб, бре пес, кај вас? — му се овргали Толе, а Брниклијата замава со стапот по Дима, уште неналегнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пролетната 'рж и пченицата тајланка, како што ја викаа селаните, ги сотре житна пепелница.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Двете војски ги делеше самиот врв — „цуцката" — тако што ја викаат селаните.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Алекса не се изненади, а Петко излезе веднаш по Бајракот и Ѓура та и тој назорум тргна по последниов на пет шеесет чекори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Петко (така се викаше селанецот во новите алишта) го виде самиот Ѓуро јасно му стана дека го погодил местото каде да ги бара „дивите“ в град.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А бидејќи Толе лани дојде да ги вика селаните во борба заедно со четите чии војводи Сарафов, Тренков, Гарванов, Чакаларов беа Бугари, тоа Димо им го објасни дека и Толе е бугарски војвода, та ќе треба и него, не само што да не го слушаат, ами дури и да го бркаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)