вика (гл.) - мајка (имн.)

Ја праша стрина Маловица како се викала мајка му на Илка. Таа ѝ одговори: Стојна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Театарски маски Најважната игра Цело маало ечи од неутешно мјаукање некое маче си ја вика мајката или бара нешто да јаде.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Секогаш кога боли и кога се има дури и најмала грижа, се вика мајката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си помисли дека некојa од ранетите, осакатените девојки, одболувајќи ја својата болка на помош и за олеснување си ја вика мајка си.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Винстон, Винстон!“ викаше мајка му по него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потем се приберува и пријдува до пред иконата и се крсти).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Да му кажеш дека го вика мајка му на Зафира да дојде масло да свети...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Металните луѓе, метална сперма во едниот и метално сеќавање во другиот миг, ќе го викаат мајка.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Седнувавме на бетонскиот под, а таа почнуваше од најмалите: - Како се вика мајка ти?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некое ја викаше мајка си да му помогне, друго татка си, трето деда си, баба си. Сите пиштеа отепани од судбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако и понатаму останува отворено твоето срце за мене и за моето црно семе, мојата Пелагичка, ќе си ги соберам пљачките и ќе се преселам кај тебе и од сега па до крај ќе те викам мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Олга! Олга! - почна гласно да вика мајка ми, небаре поради далечината не можат да се слушнат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сетив колку вика мајка ми кога ќе влезам внатре со чевли и веднаш се почувствував како да сум сторил злодело.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурен бев дека тетка ми два дена готвела - имаше три вида различно месо - телешко, свинско и јагнешко и два вида компири во рерна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Да, затоа што си отишла многу доцна, а не кога ти реков јас! - продолжуваше да ми вика мајка ми, - готово.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Добро, ама немој многу да си играш на лулашки за да не паднеш, - ме предупреди, како да знаеше каде ќе одам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Решив дека сепак е најдобро да поспијам и да се одморам од патот, од цревата и од впечатоците.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)