вика (гл.) - жена (имн.)

И дури Калешко, Главче, Шишето, Мисирлијата донесоа ракија, од малата врата, почнаа да викаат жените од Чолакот, Влајко Лазев, Макревци, Билјарите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние не сме нормални луѓе. Што е тука за вас готово?“, бесно вика жената.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
– Знаеш ли ти да ми кажеш како се викала жената на Самоила? – басот на актерот го наполнува обемот на целата кафеанска тераса. – Не знаеш. А оттука си.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја расплетува бавно, без брзање, рибарската мрежа од синот и му се жали на вчерашниот пренос од пливачкиот маратон на актерот којшто со чивавата во скутот седи до неа: Ништо не додоја на телевизијата од селата, ни Трпејца, ни Пешчани. Само Охрид го дадоја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се врти и ја вика жената да ме запознае.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Се сеќавам дека господ му ја позеде душата. Или ѓаволот - да му ја штави, да скрои опинци за ѓаволчињата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ама јас не се шегувам, слушаш? Се качи тогаш кутриот Јаков на орев да брка верверици. Го вика жена му, тој ѝ се клешти од стеблакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ако ти се скрши ластегарката земи го стапов. Дренов е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не, викала жена му. - Ќе почне од мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)