вика (гл.) - дедо (имн.)

- Што е, Стојче, - така го вика дедо Иван сега Пискулиев, ти се паднал набиен компир? - Не, не е набиен, дедо Иване, - вели Пискулиев благо поучително.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Едно влегување во училницата, тој фрлаше врз мене опуљ и отсечно ме прашуваше: - Како се вика дедо ти?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наеднаш. без повод, можеби за да го заборави квичењето, раскажува од кај му е тоа име, како се викале дедо му и татко му и од какво потекло е.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Луѓето од Шумшул –град ме почитуваат и ме викаат дедуле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
— Тимјане, вика дедо. Војниците се вртат и — иш, иш, ни велат, нѐ бркаат ко кокошки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Застанете! Зачекајте! - зарипнато вика дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ме вика дедо и тврди дека ми е внук.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Па, кој си? - Ме викаат Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Учителот го вика дедо му на разговор.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)