види (гл.) - толку (прил.)

Поп Петко се поисплаши кога го виде толку црвен, го фати за рака и за глава, го праша да не го боли нешто, и откако виде оти ништо не му е, со чудење го праша: — Ами оти толку рано ќе си легниш, Крле?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па човек, кога ќе видеше толку многу садови, собрани на еден куп, навистина со право можеше да си помисли дека водата во Потковицата сосема се дососала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но тоа беше лажен впечаток.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој досега не беше видел толку луѓе на едно место, не беше слушнал толку гласови одеднаш, не беше спал ни една ноќ во таква ѓурунтија и викотница како ноќеска, та затоа не можеше да предреме ни во зората, ами стана и појде на долчето, та се изми образ и се поосвежи од мамурлукот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Меѓу другото во него ќе истакне дека „никогаш во животот не сум видел толку висок морал како кај вашите борци во нашиот заеднички поход“ како резултат на „вербата во победа“ и „вербата во своите раководители“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Првпат виде толку многу мажи и жени со преврзани глави, раце, нозе и гради.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најинтересно на овој пат ни беше тоа што побелените полиња речиси без прекин без исполнети со јата еребици и фазани и чинам на друго место не сум видел толку зајаци како овде, на овие снежни полиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Според она што го слушам, не си видел толку уништен град.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Полицаецот: Сум видел толку типови како вас за кои што љубезноста кон пандурите беше вистински одмор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, исто така, беше свесен дека во дворот никогаш не видел толку многу кучешки измет.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Салко Вадидуша го бутна земјеното луле во подарениот појас, Борис Калпак без разбирање погледна во мене како во соблазнител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш порано не бев го видел толку искривен и шашлив од грижи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш и во ничии очи Онисифор Проказник не видел толку страв: чудовиштето не се делело од видовитиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првпат, на едно место, видов толку многу деца и толку многу мајки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Коа ја виде толку убава, је завиде и се качила горе на дрво, та ја симнала долу.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа ја испрашала што е и како е, 'и слекла алиштата и ја врлила во бунарот, та ја удаила, а таа проклета млада Еѓупка беше се променила со тие алишта и беше се качила горе на дрвото, да го чека син му од царот за неа да ја земи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Трајче се зачуди. За првпат тој виде толку партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)