види (гл.) - кога (прил.)

- Ќе се видиме кога ќе се вратиш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да не им веруваше на сопствените уше зошто беше сигурен дека никој не го видел кога влегуваше и излегуваше од неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Кинисала куса канделина да ми оди у Препреченка на гости во темни зори и магли замаглени; ја пречека тој Препреченко и ја праша: „Каде вака, куса Канделино?“ „У тебе на гости, брате Препреченко”, му рекла куса Канделина, да го видам кога ќе се роди татко...” Што е тоа? „Вошка!” „Не, искра од оган...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Никој ништо не знае за него, а Танаско, го знаеш, се мајтапи, вели не барај го, видов кога летна на веленцето вели, одел да поседи со него таму, на прагот... и не го стигнал, од пред очи му се кренал и побегнал на кај шарката каде што умирал денот!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не видов кога протегнал рака.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Или поточно си ја видов сенката како слегува од гранките иако немав видено кога се качуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така и не ме виде кога излегов, кога го оставив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)