види (гл.) - убав (прид.)

Мирниот војнички живот скоро без малтретирање му се виде убав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
14 ДЕКЕМВРИ. Врне. Дојде еден што го фаќа кивавица кога ќе види убава жена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите сакаа да ја видат убавата преспанка...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите видовме убава, вита девојка, наша девојка, автоматичар и носител на орден за храброст.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Замислен и смолчан, пашата како да бегаше од местото каде што ја виде убавата мома.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)