види (гл.) - колкав (прид.)

Малата кукла не виде колкави солзи се одронаа од очите на куклата во витрината.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Погледај, отвори очи, види колкава дамка си оставила на левиот џам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Види колкав си, засрами се! Лесно е со послаб од тебе физички да се расправаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Опишуваното звучи најприродно ако извира од споменот, а вам нема да ви биде тешко да го сфатите суштинското, и покрај изменетиот редослед“. (Се разбира, ги сфаќам противречностите што ги трупам при објаснувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Тоа е тешко, велам. И минатиот пат инсистиравте на тој ваш редослед па видовте колкави беа недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Биди жива и ќе видиш колкави муда тој ќе му покаже на светот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 113 Бабата: Тоа му беше паметно, Џеки и онака беше дртав!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мирче: Не. Прво и прво не се измиени, а второ и второ види колкави нокти имаш. Лекарот мора да има чисти раце.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И тогаш видов колкави нокти сум пуштил и колку јагниња ми пасат на ноктите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)