види (гл.) - месечина (имн.)

Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Напред, детуле, рекол на својот јазик: водата во која јавачот или коњоводецот ќе ја види месечината, онаа вечна и двојна во исто време, на коњот ќе му даде крепкост и змејска сила. Така зборувал.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За миг го дигна погледот и ја виде месечината, тука, до него, онаква каква што слушаше дека може да биде: потсмешлива и со издолжен нос.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)