види (гл.) - мајка (имн.)

И повеќе не ја видов мајка. Ниту вујко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакаше да ги види мајка си и татка си, а му се внуши и за црното Кате како и за неговите дечиња Трајчето и Велјанчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дојде, конечно, стигна мојата светица, светна моето помрачено сонце, застана спроти мене и со глас позајмен од риданијата на Рахела, ме прекорува: А каде си ти да дојдеш да си ја видиш мајка?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Никогаш повеќе не ја виде мајка си.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно утро ја видов мајка ми, со чуден израз на лицето, како нешто шепоти со вујните - Мамо за што шепотите?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Уште од првиот момент кога ја видов мајка му ми стана многу симпатична.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш, во тој ден, на ручекот, за првпат ги видов мајка ѝ и татко ѝ, братот, снаата и двете нивни машки деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш солзи ѝ потекоа, но не сакаше тоа да го види мајка ѝ.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ме пуштаа и до дома во Маказар, да ја видам мајка, и пак се враќав таму во сарајот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, не сакаше да ја видат мајка ѝ и сестрите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ИЛИЈА: Рашетувајќи се, ја видов мајка ти кај излегува и јас полека по неа да видам кај ќе оди.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Си вообразував дека ги забележува тие промени на мене и дека е среќен бидејќи и самиот открива дека и во нашето семејство се запатило убавото; мајка му втасала да се накити со пердувести нешта, а подоцна, ако наиде и таква среќа, како што се случува и со орлињата од Сина Скала, можеби ќе ги рашири рацете и ќе полета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го изведев Ивана кај коритото преполнето со вода и сонце, и бев многу среќна дека може да ја види мајка си дотерана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Арно ама не виде мајка Евгенија и викна да одиме кај неа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И кога свивавме кон друга уличка на аголот, се свртев, ја видов мајката на Рајнер како стои покрај ѕидот на една куќа, и со прстите од десната рака минува по своето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа попладне Рајнер реши да замине од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никогаш не ја виде мајка си. Никогаш не почувствувала што е тоа мајка. Нашата голема Мајка. Нашата Мајка, храброст балканска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тогаш си дојде татко од Преку за да ја види мајка. 17
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)