види (гл.) - него (зам.)

— Ако не беше он, којзнае сами дали ќе а склепа'ме ама ка го виде него вака закастрен, и го заврте мозокот и ајде ошче утре и тоа порано, „да станеме побрго дома".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во салонот сѐ уште имаше воздух, тие сѐ уште можеа да го видат него и тој нив, но за сето време тонеа надолу, надолу во зелените води кои за некој миг мораше да ги скријат од неговиот поглед засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ја најде Јана, но го виде него, Ивана, како му се доближува од далеку и, помалку обеспокоен од таа средба, реши да не му се тргне од пат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го виде него, тој некој од станарите, адвентистот, свиткан пред прагот, со накривена глава и со танко конче светлост од љубопитното око; ги крстоса рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон се сврте и го виде него (знаеше по нешто дека е тој) со дигната јака на мантилот и влажен од теме до врвот на своите чевли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не знам зошто, ама штом го видов него толку многу бев одушевен од својата намера што, без да знам од кои причини, како од туку-така, без збор да му речам, се пресегнав, го фатив за главата со двете раце, го повлеков кон себе преку масата и го избацував среде челото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој не го беше видел него, и ваков, во никоја од своите преуранети слики, па да претпоставува што ќе се случи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кузман му објасни на стариот дека Пенчо со нас седеше и дека, секако, кога го видел него, избега од широчината.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
СОЊА: Чекај додека го видиш него.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Никој не развража пред тоа, а таа го виде него!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас кога го видов него, му викна на Рогуша: - Брц бррр!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Целата вџасена, во сопчето на потстанарот и таа ја забележа притулената светлина од спротивниот дом: то ест токму од станот на Машиеви, и го виде него, потстанарот, како стои крај прозорецот и гледа во станот на Машиеви.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајката и трите деца погледнаа во неговиот прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)