види (гл.) - кој (зам.)

Ќе им ѕирнеш во кожурецот и ќе видиш кој е во неволја, за да може да им Маргина 37 161 помогнеш на овие деца да се спуштат понежно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Како што гледаш, ги учам вработените овде да создаваат атмосфера на доверба и сигурност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Штом е така, си реков, не ви доаѓам па да ве видам кој кур ќе ми закопате без мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овчарот зави како волк, а детето ги поведе луѓето кон елакот каде што седеа Борисовци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само елате пред манѕерките, та ќе видиме кој појунак. — и го продолжи следниот стих.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Останавме, ете, живи, но желни да тргаме и понатака маки, — одговори Гарванов за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дал ти бог добро! — одговори тој и му се запули на Толета за да види кој е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога му стори абер овчарчето во Будимерци дека нападнале и други чети во неговиот „пашалук" тој ги поткани прилепските војводи да го придружат, да видат кои се овие сега што нападнале во Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ене го, иде да се ставе со вас, да виде кој сте и кај одите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој момент Толе рикна од карпата: — Слушај, аго, дали пука и варди дали дупи — и тргна за ногата од манлихерата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го вратија во деновите, кога копнееше да истргне со трубата звуци, какви што никој не чул, - да засвири еднаш сам, - сите да видат кој е и што е тој...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Запева продорно, како во грлото да има голтнато писка, па зурлаџијата се обѕрнува да види кој ли му конкурира.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога запревме пред самиот влез, кревајќи прав како да се вкопавме во земјата, сите слободни милиционери излегоа надвор да видат кој им дошол со таква кола: стар модел на „мерцедес”, како изваден од реквизитата на некој филмски или телевизиски фундус.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Во каков дуел? – ме прекина внесено А. А. - Во дуел за да се види кој е посилен, подобар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да видиме кој ќе победи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Понекогаш одев таму за време на неговите работни часови, затоа што слободниот дел од денот го минуваше само со Марта Бернајс.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
4. ... „Дојди да видиш кој дошол во градов,“ ми рече брат ми кога еднаш го посетив во Виенската болница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прво да видиме кој е крив за сегашното востание на кого паѓа најголемата одговорност за него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колкав диоптер од очила треба да стават, да видат кои се?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Некое време еден цар се сторил тебдил и зел неколцина од мезличот со себе, та тргнале да шетаат по градои и села за да видат кој што праит и кој што велит за царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Бре, аман, бре чоече - му рекол 'рсланот плачејќи - ела прво да ме одврзиш, да после да се бориме и да се биеме, за да видиме кој ет од двата појунак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Те молиме, ако не ни кажиш, оти имаме еден голем облог со другарот - му рекле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Слушајте вамо вие, старци - им рекол - ако не ми 'и докажите тие зборои што 'и зборуавме со старио што ораше, главите ќе ви 'и сечам и друго ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еве ми јунаството, - му рекол чоекот на 'рсланот, држ се и ич не бој се, да видиме кој ќе падни али јас али ти!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ха, сега дури те гостив, си рекол со умот чоекот, оти коа ќе те врзам јако, за да видиш кој е појунак!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ме начека, ѝ зборуваше, а сега ќе видиме кој ќе надваса.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зар може да се види кој налетал врз сламарникот на убиениот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Планините раснат, се напрегаат да ги кренат острите грби, сакаат да видат кој чекори, над длабоката модрина на долот, чиј е страшниот извик нечовечен и нејасен, што станува во оваа стуштена и матносребреста наквечерина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ма, ајде, дојди! Не мора да влеземе на игранката, туку само да видиме кои нови ќе се појават.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Интересно ти беше, само сега се виде кој е чесен, а кој не.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Точно е дека треба време за да видиш која форма најмногу одговара на твоите барања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не видов кој го турна, но управувачот ми испадна од рацете, и батериите тропотно се распрснаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Неговото посадување придонесе станарите што се вселија во зградите да се запознаат меѓу себе, бидејќи сега сите излегуваа на прозорците и балконите да го гледаат дрвцето и можеа да видат кој им живее на соседните или спротивните балкони и згради.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Планините раснат, се напрегаат да ги кренат острите грби, сакаат да видат кој чекори над длабоката модрина на долот, чиј е страшниот извик нечовечен и нејасен, што станува во оваа стуштена и матносребреста наквечерина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„А сега, да видиме кој од нас може да си ги допре прстите на нозете!“ рече таа бодро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
2. КНИГАТА Е ЧЕТИРИ ОЧИ - двете биле да видиш кој те смета за глупак, другите две ко клинци на меморијални плочи неизвадно се заковани во школската клупа...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Темен ми се облак зададе кога видов кој треба да ме пребаци од оној на овој свет.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Решивме да го преградиме влезот, за да можеме порано да видиме кој доаѓа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Со пресек, со пресек да биде, та после ние селцки ќе видиме кој колку ќе тури, според тоа и ќе плати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ќе видиме кој на кого! — и одговори Крчо и побегна долу Црневата улица, за да му стори абер на Шпира, вечер да слезе до кај нив долу. — Татко нешчо те вика, — му рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тие носат погачи, булиња, ракии и разни мезиња, та и тука, како во црквата, треба да се види која е пофарк во домаќинлакот Билјарките и овде излегоа пофарк.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога го видоа кој бил — му се фрлија со најразлични селски пцости — Не јади трици, бре пес!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крај огништето седнал Карабуклијата со некој комшија, го спотиња оганот и вика по снаа му да донесе борина да види кој дојде по мракот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега ќе видиме кој повела во оваа земја, вие или падишахот наш. Повела каурин ли Турчин?...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Барем децата ќе си видат кои бевме таму, што криевме ние од нив!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ми ја запалија... - одговараше Танаил јадосан. - Кој? - Ќе види кој! Ќе види, мамето негово... - викаше Танаил бесно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ајде“, реков, „оставете ја таа работа. Овде сме да се видиме како стари пријатели, да видиме кој со што можеме да си помогнеме...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повремено фрлаше куси, дискретни погледи кон авторот кој знаеше дека овој се труди да види кој е натрапникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го крена тешкиот плик со надеж да види кој е испраќачот и, евентуално, пакетот да го фрли во кошницата за отпадоци неотворен. Како што често правеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да видиме кој што заслужил за овој ручек.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Чекаме да видиме која ќе падне прва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сврти се, вели, да видиш кој иде по нас. — Мофашите3, или Германците?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се свртам да видам кој вика и тогаш ќе се фатам дека јас сум викала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаме да видиме кој има лесна нога, полазна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекајте, застанете, да видиме кои сме, од каде сме и накаде одиме вака, ако воопшто одиме!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Да видиме кој ќе го фати!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Заслепителна светлина од џепна батерија му пречеше да види кој е.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
АНДРЕЈА: Дај да видиме кој си ти! Ако си било кој! Си се фатил со тој шпион.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СТЕВО: Го чувме и твојот митинг. Сакаш да ме избркаат од работа поради твоите малоумни политички афектации? Видовме кој си!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Дома е, - викна малата Ане што истрча од својата соба да види кој е.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас ќе ја доведам мојата, па ќе видиме кој е кој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И таа почна: Сираче!… но без смисла и жар, брзаше весело. – Ајде сега ти Милице, ми рече, а јас почнав полека да рецитирам, внимавав на точка, запирка и видов веднаш дека на учителот му се допадна, но сепак рече: Ќе видиме кој од вас двете ќе настапи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден ден ја растегавме и решивме да видиме кој свири внатре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)