верува (гл.) - ли (чест.)

Но не го сторив тоа, го испив само виното и реков: - А тоа истото да ти го кажеше По или Кафка - ќе им веруваше ли? - Зошто да им верувам?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веруваш ли? – скоро викаше Луман.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Телото се распаѓа, останува другото со вечното траење: - Да верувам ли дека ти си готов да ме избегнуваш само заради другото?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оче Симеоне, да ти верувам ли? Како сакаш, Оче Симеоне.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Луцијо, ѝ реков. Веруваш ли во реинкарнација?“ Таа гледаше во мене долго, и потем рече: „Мислам да.“ „Мислиш или веруваш?“, прашував. „Не знам“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Верувал ли повеќе во мухамеданството? Го сторил ли тоа поради користољубие, или поради други ниски страсти?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„И сите сонувале?“ „Сите. Истиот сон, без разлика“. „Веруваш ли ти во тоа?“ „Да, никогаш не сум бил толку сигурен во нешто.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)