вели (гл.) - додека (сврз.)

- Мислев дека знаеш: се фрлил од терасата на редакцијата - рече Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Боже, колку сум умен си велам додека вака се будалам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веќе и не сеќавам дека слегуваме од тумбата. Даскалов чекори пред мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и ти велам додека се одалечуваш дека сум со впечаток оти нешто имаш скриено; нешто многу битно однесе со себе, или не го спомна. Дури не го ни нашепна“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Навистина чудно – велев додека протрчував со погледот по кратката вест за смртта на Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еј, јас те сакам, еве сега ти велам додека солзите течат и никој нема да ми помогне, за спас да ги сокријам солзите што блескаат од среќа, да загрли срце со љубов што го давам да не биде мое. Ама јас те сакам до небо, онака едноставно, како дете кога ќе ги рашири рацете кон бескрајниот небески простор, а само вечноста да остане зад нас.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)